ДС: АТЕНТАТ ВРЗ ДЕМОКРАТИЈАТА е обидот за донесување закон за „бомбите”

07.10.2015

ДС: АТЕНТАТ ВРЗ ДЕМОКРАТИЈАТА е обидот за донесување закон за „бомбите”

Демократскиот сојуз најенергично протестира против обидот за донесување на Закон за забрана на објавување на материјали од прислушкувани разговори.

Демократскиот сојуз смета дека ова е „Атентат” врз демократијата и слободата на говорот.

Масовното кршење на човековите права со неовластено прислушкување, како и тешките обиди на организиран криминал, не смеат и не можат  да бидат предмет на законска заштита. За криминалот треба да се понесе кривична одговорност.

Криминалот не може да биде вредносна категорија тоа е зло коешто ја разорува државата и со тоа зло мораме да се справиме.

Демократскиот сојуз ќе ги искористи сите демократски средства за да го спречи донесувањето на овој закон и воедно ги повикува сите пратеници да го дигнат гласот на разумот и го сочуваат дигнитетот на Парламентот и на државата.

partners partners partners partners partners partners