Демократскиот сојуз повикува на дијалог

06.05.2015

Демократскиот сојуз повикува на дијалог

Демократскиот сојуз повикува на политички дијалог, како начин за надминување на длабоката политичка криза, која се заканува да ја дестабилизира државата.

Наместо протести и контра протести, предлагаме најитно да се одржи лидерска средба на сите политички партии, на која ќе се договори платформа за излез од политичката криза.

Парламентот треба да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба и усвои Платформа со конкретни чекори за надминување на кризата.

Воедно укажуваме на потребата од воздржаност и разумност, се со цел да се спречи ескалирање на состојбите и превенираат можни последици по учесниците во протестите и припадниците на полицијата.

partners partners partners partners partners partners