ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ УКИНЕ СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИ

14.06.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА СЕ УКИНЕ СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИ

Демократскиот сојуз предлага да се интензивираат реформите во судскиот систем, кој и натаму ги кочи промените, владеењето на правото, како и важење на законите подеднакво за сите граѓани.

За почеток предлагаме три крупни промени:

1.Да се укине Советот за утврдување на факти, кој е надвор од Уставниот поредок и без никаква логика и оправданост да постои.

Идејата за негово формирање беше да се згрижат неколку заслужни партиски егзекутори.

Ваков став за укинување има и Венецијанската комисија.

2.Да се укине Комисијата за воедначување на казнената политика. Ваква комисија никаде во светот не постои и директно е спротивна на начелото на слободно и самостојно одлучување од страна на судиите.

3.Да се укине Комисијата за лустрација (Комисија за верификација на фактите)  чие постоење е анахроно на промените, поготово што Законот за лустрација е укинат.

Воедно предлагаме рехабилитација на сите лустрирани со кои се пресметуваше водството на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите овие комисии се формирани со посебни закони и нивното укинување е можно да се реализира за не повеќе од десетина дена.

 

partners partners partners partners partners partners