СКОПЈЕ, 03.08.2012 ГОДИНА

СКОПЈЕ, 03.08.2012 ГОДИНА

РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА JA ЗАСИЛУВА МОНОПОЛСКАТА ПОЗИЦИЈА НА ТОПЛИФИКАЦИЈА

Демократскиот сојуз реагира на новиот правилник изготвен од страна на Регулаторната комисија за енергетика со кој се засилува монополската позиција на Топлификација АД Скопје, со што на граѓаните им се наметнуваат нови обврски.

Имено, со новиот Правилник, не само што оној кој е исклучен ќе треба да плаќа фиксен надоместок, туку во иднина исклучувањето ќе биде можно само ако се обезбеди согласност од сите станари во колективните згради. Додека пак, оние што веќе се исклучиле, согласно Правилникот, ќе мора повторно да се вклучат во системот, а дури откако ќе обезбедат согласност од соседите, би можеле повторно да се исклучат од мрежата на Топлификација.

Сметаме дека ваквиот систем не само што е премногу комплициран и речиси неизводлив, туку тој е и на директна штета на граѓаните и неговата крајна цел е да се заштити Топлификација со тоа што корисниците на топлинска енергија практично се оневозможени да се исклучуваат по своја желба.

Демократскиот сојуз е на ставот дека граѓаните треба да имаат избор – дали сакаат или не сакаат да ја користат топлинската енергија која им ја испорачува Топлификација и никој не смее да ги попречува во нивниот избор. Уште помалку да им наметнува фиксен надоместок за топлинска енергија која не им е испорачана.

Од друга страна, Топлификација АД Скопје е должна да обезбеди објективни квалитативни критериуми за потрошената топлинска енергија за секоја станбена единица преку вградување калориметри, а не наплатата да ја врши паушално врз основа на површината на станот.

При евентуалното спроведување на критериумите од новиот Правилник на Регулаторната комисија, мора да се има предвид дека голем дел од граѓаните кои претходно се исклучиле од

мрежата на Топлификација, веќе имаат обезбедено алтернативни извори на топлинска енергија, односно веќе влегле во нови инвестиции, така што сега повторно би биле ставени пред нови трошоци.

На крајот, Демократскиот сојуз потсетува дека со Правилник не може да им се наметнуваат нови обврски на граѓаните, туку тоа е можно само со Закон.

Од тие причини, предлагаме новиот Правилник на Регулаторната комисија да се стави надвор од сила, се’ додека не се расчистат сите дилеми и контроверзи поврзани со него.

Демократски сојуз

Последни Активности

17.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА ЧЛЕНКА НА НАТО

Демократскиот сојуз смета дека посетата на Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО, е од исклучителна важност и признание за реформите и демократските капацитети на Република Македонија.

прочитај повеќе...

10.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Демократскиот сојуз смета дека постигнување компромис за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Грција е прашање за кое е потребен и политички и граѓански консензус.

прочитај повеќе...

05.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СО ДРОН ПРОТИВ ЗАГАДУВАЧИТЕ

Демократскиот сојуз предлага со користење на ДРОН да се детектираат загадувачите на воздух во Скопје и другите градови (Тетово, Куманово, Битола и др.). 

прочитај повеќе...

04.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ШЕМА ЗА УЗУРПАЦИЈА НА ДРЖАВНО ЗЕМИЈИШТЕ

Проектот на ЕУ за легализација на дивоградбите несомнено има позитивни ефекти, при што голем број на граѓани се стекна со право на сопственост на имот што им припаѓал, се разрешија бројни урбани и комунални прашања и сл.

прочитај повеќе...

03.01.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: РЕФОРМИ И РЕЗУЛТАТИ

Демократскиот сојуз смета дека започнатите реформи во правосудниот сектор, службите за безбедност и администрацијата, се добра основа за стабилизирање на состојбите и јакнење на правната сигурност.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners