ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “...  Со овие зборови, новоизбраниот претседател на ОО на Демократски сојуз - Кочани, Јоце Илиевски, се заблагодари на присутните за укажаната доверба.

На 17.11.2012 година, Општинската организација на Демократски сојуз - Кочани, одржа Изборно собрание на кое што се утврди новиот состав на членовите на органите и телата, при што се обнови дел од раководниот кадар.

По тој повод, во своето обраќање пред присутните сопартијци и симпатизери, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, нагласи дека партијата останува отворена за сите кои сакаат да ги следат заложбите на Демократскиот сојуз и да бидат дел од тимот кој иницира промени и ги реализира ставовите, идеите и проектите на партијата. Во контекст на партиските подготовки за претстојните локални избори, претседателот Трајанов од своите сопартијци побара силна поддршка во ширењето на партиските редови, зајакнување на членството со млад кадар, млади луѓе, кои имаат потенцијал и знаење да работат за интересите на граѓаните, да дискутираат за локалните проблеми и да ги решаваат отворените прашања во својата средина. Исто така, лидерот Трајанов, од своите партиски колеги во Кочани, побара одговорен однос кон усвоените партиски приоритети, за што поуспешно доближување до крајната цел, а тоа е позитивен исход и подготвеност за побрз и поквалитетен развој на Општина Кочани. 

На крајот од своето обраќање, претседателот Трајанов уште еднаш потенцираше дека партијата и понатаму продолжува да се залага за стратешките определби на државата, а тоа е покана за влез во НАТО алијансата и започнување на преговорите за членство во ЕУ.

Демократски сојуз

Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners