25 МАРТ 2012 ГОДИНА

СЕДНИЦА НА ЦЕНТРАЛНИОТ СОВЕТ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ,25 МАРТ 2012 ГОДИНА

ПЛАТФОРМА ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ УСВОЕНА НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДС

ЗАКЛУЧОЦИ

  1. Општинските организации на Демократски сојуз и Градската организација на Демократски сојуз, најдоцна до 30 јуни 2012 година да одржат изборни собранија на кои ќе изберат (реизберат) претседатели на општинските и Градската организација на ДС, како и совети на општинските и Градската организација на ДС.

    Веднаш потоа, на седница на Советот да се изберат: потпретседател, секретар и членови на претседателството на општинската организација. При изборот да се настојува да бидат вклучени млади и стручни кадри, авторитетни во средината каде што живеат и работат, докажани во својата професија, со можности за комуникација со поширок круг на лица и сл.Овие активности да се искористат и за кадровско јакнење на ДС, преку зачленување на нови членови.

    За денот и времето на одржување на изборните собранија задолжително да се информира Претседателството на ДС, поради учество на собранијата и консултации околу кадровските и други прашања. Од изборните состаноци, да се достави Записник до Претседателството на ДС.

  2. Претседателите и претседателствата на општинските организации на ДС, да подготват анализа за актуелните и долгорочни состојби, проблеми и потреби во општината, со предлози за нивно разрешување. Овие анализи да бидат доставени најдоцна до 31 август 2012 година до Претседателството на ДС.

  3. Паралелно со изборните активности да започне постапка за евидентирање на можни кандидати за советници во советите на општините и Градот Скопје. Евидентирањето на можните кандидати за советници да заврши најдоцна до 31 август 2012 година. Можните кандидати за советници треба да се почитувани во средината каде што живеат и работат, да се докажани во својата професија, авторитетни, да можат јавно да настапуваат и да ги афирмираат и застапуваат програмските определби на ДС и да ги познаваат локалните состојби и проблеми. Прегледот на можни кандидати за советници да се достави до Претседателството на ДС, најдоцна до 10 септември 2012 година.

  4. Сите општински организации и Градската организација - Скопје, да подготват информација за досегашната соработка со коалиционите партнери (во која ќе бидат опфатени предностите и проблемите со кои се соочуваат и сл.). Овие информации да ги достават до Претседателството на ДС, најдоцна до 30 јуни 2012 година.

  5. Претседателството на ДС, да ја разгледа и проучи можноста и потребата од објавување на јавен повик или конкурс за можни кандидати за Градоначалници на општините и Градот Скопје.Врз основа на направената анализа, конкретни предлози да достави на разгледување и усвојување до Централниот совет на ДС, најдоцна до 31 август 2012 година.

Целокупните активности да се одвиваат согласно Статутот на ДС, седниците да бидат добро подготвени и отворени за јавноста.

Последни Активности

23.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: БЕЗ ОДГОВОРНОСТ НЕМА РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз смета дека во рамките на реформите на судскиот систем мора да се предвиди одговорност за сите кои на било каков начин ја попречуваат правдата, при што посебно треба да се нагласи одговорноста на носителите на високи политички и државни функции.

прочитај повеќе...

17.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА НА БРЗА ЛЕНТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Демократскиот сојуз смета дека, одлуката на Европската Комисија, Република Македонија да добие безусловна препорака за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија е признание за сите граѓани кои цврсто се определија за промени...

прочитај повеќе...

08.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА

Демократскиот сојуз на сите православни верници им го честита Велигден, денот на Исусовото воскресение.

прочитај повеќе...

02.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СИСТЕМСКИ И КОРЕНИТИ РЕФОРМИ

Демократскиот сојуз смета дека се неопходни системски и коренити реформи, се со цел да се обезбеди владеење на правото и правна сигурност, како битни предуслови за стабилност на државата и економски развој.

прочитај повеќе...

18.03.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ ОДБЕЛЕЖА 18 ГОДИНИ

Денес,18 март 2018 година, во Скопје, ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ  ,одбележа 18 години од формирањето на партијата.На одбележувањето, присуствуваа над 200 активисти на ДС, гости од политички партии, медиумите и симпатизери на ДС.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners